Мараја Кери повторно владее со декемвриските музички листи.
52-годишната ѕвезда собори нов рекорд на „Билборд“ кога нејзиниот култен празничен хит All I Want For Christmas Is You се врати на прво место четврта година по ред, само неколку дена откако вторпат се најде на врвот на топ-листите во Велика Британија.
Заразната мелодија првично беше на врвот на „Хот 100“ во 2019 година, а потоа повторно во 2020 година. Се врати повторно во 2021 година, а сега пак се враќа во 2022 година.