Поп-пејачот Елтон Џон следното лето за последен пат ќе настапи во Велика Британија, на познатиот музички фестивал „Гластонбери“, во рамките на големата светска проштална турнеја.
Британскиот музичар рече дека појавувањето на сцената „Пирамида“, на последната вечер на фестивалот во 2023 година, ќе биде совршен начин да ѝ оддаде почит на Британија. Џон се ближи кон крајот на светската проштална турнеја, која ја организира по повеќе од 50 години кариера.
Елтон Џон е еден од најпродаваните уметници на сите времиња, со продадени повеќе од 300 милиони плочи, а никогаш досега не настапил на голем музички фестивал во Велика Британија.