Најдобрата македонска фудбалска репрезентација одигра без победник против Финска (1-1) на пријателскиот меч кој се одигра во Скопје.„Црвено-жолтите“ имаа шанси, ја контролираа играта, ама на крајот не дојдоа до посакуваниот резулат, триумф на натпреварот. Селекторот Благоја Милевски забележал добри и лоши работи на оваа средба, односно работи кои мораме да ги поправиме за да бидеме конкурентни. Наредниот меч го играме в недела од 14 часот против Азербејџан.