Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски имаше извонредна светска премиера во Токио. Пред преполна сала и пречекан со огромен аплауз, „Кајмак“ премиерно беше прикажан на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио. „Кајмак“ се прикажува во официјална конкуренција на овој фестивал од А-категорија, кој е најголем во Азија и еден од најголемите во светот. Од предложени 1.700 филмови од 107 земји, во официјална конкуренција влегоа само 15, меѓу кои и македонскиот „Кајмак“.„Холивуд репортер“, во извештајот од свеченото отворање на фестивалот забележа дека на црвениот килим беше и Милчо Манчевски со актерските ѕвезди од „Кајмак“, нарекувајќи го „македонскиот ерудит од Њујорк“.