Од денеска ќе биде отворен системот за електронско аплицирање на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година. Годинава електронското аплицирање целосно ќе се спроведува преку националниот портал е-услуги, а не преку веб-страницата на Министерството за култура. Тоа, како што посочува, го прават со цел дополнително да ја поедностават процедурата, на апликантите да им заштедат и време и средства за неопходните документи кои сега директно ќе можат да ги преземаат и да ги прикачуваат. Изјави Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Системот автоматски нема да дозволи физичко или правно лице да аплицира во повеќе дејности од пропишаните. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура.