На меѓународниот фестивал “Best of Rumeli кој се одржа во Истанбул Турција, Тамара Тодевска освои награда за „Пејачка од Македонија“, 2022”.
Тамара се заблагодари до организаторот и истакна дека за Истанбул секогаш ја врзуваат убави спомени:
– Низ досегашната кариера имам добиено повеќе награди, признанија и секоја од нив ми е особено важна.Овие награди не се само обични предмети туку се доказ за квалитетот на работатата, за музиката која ја продуцираме, за фактот дека си препознаен и надвор од своите граници. Искрено, Ви благодарам за честа и за фактот што повторно ме направите горда, посочи Тодевска.
Тамара веќе го најави и своето учество на домашниот фестивал „Макфест“, а во претстојниот период планирано е и издавање на две нови песни.