Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) соопшти дека секој играч ќе добие по 50.000 евра за победа во групата, 100.000 евра за пласман во четвртфиналето и 150.000 евра за пласман во полуфиналето.
За третото место премијата достигнува 200.000 евра, а за т.н. вицешампион 250.000 евра. Секој играч ќе добие по 400.000 евра за победа на Мундијалот.
Германија ќе игра во Е-групата со Шпанија, Јапонија и со Костарика.
Светското првенство ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.