Поп кралицата Мадона од почетокот на својата кариера континуирано влијае на музичката индустрија, а неодамна објави и нов албум, но сега таа може да се пофали со уште еден успех.
Според „Билборд“, 64-годишната кралица на поп-музиката стана првата жена која постигнала успех на Билборд 200 листата на топ 10 албуми во секоја деценија од објавувањето на нејзиниот прв албум „Madonna“ (1983).
Сите девет луѓе на кои тоа им успеало пред неа биле мажи.
.Во текот на својата долга кариера освои седум Греми награди, а покрај тоа дури и 20 награди на MTV „Video Music Awards“.Нејзиниот последен албум, кој го објави на 24 јуни, ги содржи нејзините 50 најпопуларни денс хитови низ годините.