Генералното собрание на Обединетите Нации на 28 јули гласало за воведување ново
универзално човеково право поврзано со климатските промени. Станува збор за
човековото право да се живее во чиста, здрава и одржлива околина.
Климатските промени веќе влијаат врз голем дел од светското население. Сите
проблеми што ги носат тие претставуваат нова граница кога станува збор за
човековите права.