На денешен ден, 24 ноември 1944 година, започнува приказната за Македонската филхармонија – една од најзначајните музички институции во Македонија.

Само 11 дена по ослободувањето на Скопје, во домот на композиторот и диригент Тодор Скаловски, на улицата „Крушовска“ број 27, се собрале група музичари со идеја да го формираат првиот симфониски оркестар во Македонија.

Првичниот оркестар броел околу 30 музичари, а првиот јавен симфониски концерт бил одржан на 15 декември 1945 година, под диригентство на Тодор Скаловски.

Од тие скромни почетоци, низ децениите се развила Македонската филхармонија, која станала важен столб на македонската култура и уметност, со бројни настапи, домашни и странски музички имиња и концерти пред публиката.

Интересно е што идејата за создавање на една голема музичка институција се родила во приватен дом, а прераснала во институција која повеќе од осум децении ја негува и промовира симфониската музика.

Новинар Никола.А

24/11/2026