Која генерација најмногу консумира алкохол? Миленијалците, генерацијата Икс или можеби најмладите припадници на генерацијата Зет?
Најновото истражување за навиките на консумирање алкохол ги рангира генерациите според процентот на консумација, а резултатите носат неколку интересни изненадувања.
Да почнеме од петтото место.
На петтото место е генерацијата Зет, односно младите родени приближно од 1997 до 2012 година, со само 2 проценти.
На четвртото место е Тивката генерација, позната и како Silent Generation. Станува збор за луѓето родени до 1945 година, со 21 процент.
На третото место се Бејби-бумерите, генерацијата родена во периодот од 1946 до 1964 година, со 23 проценти.
Второто место ѝ припаѓа на генерацијата Икс, односно луѓето родени од 1965 до 1980 година, со 39 проценти.
А кој е апсолутен победник?
На првото место се МИЛЕНИЈАЛЦИТЕ! Генерацијата родена од 1981 до 1996 година, со дури 85 проценти.
Изгледа дека титулата за најголеми љубители на алкохолот овојпат им припадна на миленијалците!
Новинар Никола.А
