Повеќе од 30 часа голем број штипски населби, меѓу кои и централното градско подрачје, се без вода за пиење. Прекинот во водоснабдувањето предизвика незадоволство кај граѓаните, кои веќе подолго време се соочуваат со проблемот и чекаат одговор кога конечно ќе биде нормализирана состојбата.
Од ЈП „Исар“ во последното известување информираа дека поради обилните врнежи и тешките услови за работа, дошло до обрушување на земјиштето, со што е доведена во прашање и безбедноста на работниците на терен.
Од претпријатието посочија дека екипите и покрај отежнатите услови ќе продолжат со работа сè до целосно нормализирање на водоснабдувањето, кое според најавите требаше да се случи во раните утрински часови.
Но, и покрај оваа најава, водата не беше пуштена ниту во попладневните часови, а граѓаните и понатаму остануваат без конкретна информација кога ќе можат повторно да ја користат водата од водоводната мрежа.
