Битолскиот оркестар “Дива” со диригент Владимир Димовски вчера во Филхармонија во Скопје одржаа прекрасен концерт под наслов “Цветна симфонија 2” со богата музичка програма. Вечерта заврши со громогласни аплаузи. Музички состав кој обедини оркестарским хорски и вокални изведби.
Учесници и солисти:
Настапија Зана Абази- Рамадани, Јаворка Витанова и Виолета Арсовска.
Градскиот мешан хор “Балтепе” со диригентката Јасмина Ѓорѓеска Каро од Тетово.
Сппранистката Билјана Талевска која ја изведе аријата “Glitter and Be Gay” од операта “Кандид” на Леонард Бернштајн.
Наде Талевска и Бојан Стојков го испеаја познатиот дует “Барселона” на Фреди Меркјури и Монсерат Кабаље.
По повод прекрасниот концерт разговаравме со Виолета Арсовска, дел од оркестарот “Дива”. Со неа ги споделивме импресиите од концертната вечер, атмосферата, приемот кај публиката и емоциите по уште еден значаен музички настап.
Angels Fm: Кои се вашите први импресии по концертот? Која е симболиката зад него и што сакавте да и пренесете на публиката?
Виолета Арсовска: Се’ уште сум под импресии од вчерашниот концерт беше навистина преубаво. Навистина бевме воодушевени од взаемната енергија на публиката, четири пати не враќаа на бис, навистина немам зборови и навистина не знам што направивме……… Мислам дека овојпат се надминавме самите себеси, енергијата навистина беше преубаво доживување.
Angels Fm: Колку е важно за еден оркестар да има добра енергија, меѓусебна доверба и заедништво?
Виолета Арсовска: Токму тоа е и најважната алка да сме сите поврзани, да се слушаме меѓусебно и ние со оркестарот и секако најголем удел има и нашиот диригент кој со сите нас раководи. Овде е важна и взаемната почит, колегијалноста, соработката и професионализмот. Како што можете да видите од снимките, и од концертот се гледа при секоја изведба.

Angels Fm: Колку е важно да се негуваат вакви музички проекти и да се промовира македонската музичка култура?
Виолета Арсовска: Најважно е! Особено за нашата младина да им покажеме што е навистина вредно, која е вредноста и суштината за која работиме ние. Мотивацијата која ја добиваме од публиката што доаѓа, веќе не препознаваат кои сме и што всушност работиме. А по коментарите кои ѓи добиваме тие се желни за вакви настани. Јас се надевам дека во иднина ќе не има уште почесто. Исто така се надевам дека и нашава младина ќе биде присутна на нашиве концерти, за да почувствуваат. Бидејќи, навистина е убаво кога ќе заврши концертот и кога ќе си одиш дома со сите тие импресии, со духовен мир. Тоа е таа поинаква димензија, многу поразлична од секојдневието.

Angels Fm: Кои се идните планови на “Дива” и каде публиката повторно ќе има можност да ве слушне?
Виолета Арсовска: “Дива” е сега уште повеќе мотивирана. Се надевам дека ќе дојдеме во Штип, навистина го посакувам тоа и ми е желба. Но, еве на пролет веќе имаме најава за нови концерти, со нова програма и најверојатно првиот ќе биде во Битола, Скопје…. Но, како што кажав се надевам дека ќе дојдеме и во Штип. Јас се надевам само на убави работи и со Бога напред.
Концертот заврши со три биса, на кои беа изведени “O sole mio”, “Con te partiro’” и македонската народна песна “Калеш бре, Анѓо”
