Штипјани изминативе денови повторно се соочуваат со проблеми со основните комунални услуги. Претходната недела, два дена имаше целодневни прекини во снабдувањето со електрична енергија, а денес на ред е водоснабдувањето.
Прекините во водоснабдувањето во Штип не се изолиран случај. И во изминатиот период граѓаните често се соочуваа со прекини и нарушувања во снабдувањето со вода, што отвора прашања за состојбата и капацитетот на градската водоводна мрежа.
На прашањето зошто има прекини и во кои делови од градот се работи, одговорот е дека се интервенира на повеќе улици во Штип, на повеќе главни водоводни линии, информира директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски.
Во Штип деновиве важи правилото – кога има струја, може да нема вода, и обратно.Но како и да секојдневието на граѓаните повторно е проследено со прекини на основните комунални услуги.
Новинар Никола.А
