Македонската таеквондистка Душица Бреслиева освои златен медал на меѓународниот таеквондо турнир „Грција опен Г1, Е1“, кој се одржа во грчкиот град Кожани.

Бреслиева стигна до највисокото место на пиедесталот во јуниорска конкуренција, во категоријата до 55 килограми, демонстрирајќи одлична форма и борбеност.

Во финалната борба, македонската претставничка ја совлада домашната натпреварувачка Ифигенија Кумуди со резултат 2-1, со што го обезбеди златниот медал и уште еден значаен успех на меѓународната сцена.

Овој резултат претставува големо признание за трудот и посветеноста на Бреслиева, како и за македонското таеквондо.

Новинар Никола.А

09/11/2026