Голем спортски успех и уште поголема чест за Кик-бокс клубот „Гладијатор Фајт“ Штип – младата и талентирана Антонија Тасева ќе биде дел од Светското првенство во кик-бокс, кое ќе се одржи во Италија.

Со многу труд, дисциплина и посветеност кон спортот, Антонија успеа да стигне до едно од најзначајните натпреварувања во кик-боксот. На светската сцена таа ќе ги брани боите на својот клуб, ќе го претставува Штип и ќе биде дел од македонскиот репрезентативен состав.

Пред неа стои голем предизвик, но и можност да го покаже својот квалитет и борбен дух.

„Настапот на Светско првенство е остварување на голема желба и огромна чест за мене. Благодарна сум на сите кои веруваат во мене и ме поддржуваат. Ќе дадам сè од себе и ќе се борам со цело срце за Штип и Македонија.“  истакна Тасева

Од Кик-бокс клубот „Гладијатор Фајт“ Штип ѝ посакуваат на Антонија успешен настап, многу среќа и најдобар можен резултат на Светското првенство.

26/08/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *