По неколку години исполнети со фестивалски настапи, музички соработки и постепено градење на својата кариера, Ана Петан го претстави својот прв студиски албум насловен „Само љубов постои“. Албумот содржи вкупно десет песни, преку кои Ана го заокружува досегашниот дел од својот музички пат и го претставува правецот во кој сака да ја развива својата кариера.
Меѓу песните се наоѓа и „Љубовта секогаш победува“, композиција со која Ана настапи на меѓународниот фестивал „Бисер Јадрана“ и ја освои наградата за најдобра интерпретација.
Ана Петановска е родена во Скопје во 2003 година, а со музиката се занимава уште од најраното детство.
Пред да ја започне својата соло кариера, таа беше дел од бројни студиски музички проекти. Штипјани Ана имаа можност да ја слушнат воЕнџелс кафе која заедно со нејзиниот бенд настапување неколку пати досега.
