Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40 степени Целзиусови. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. В четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.
