Денес, на 24 јули, љубителите на текилата ширум светот го одбележуваат Националниот ден на овој препознатлив мексикански пијалак. Но, текилата е многу повеќе од состојка за добра Маргарита – таа е дел од културното наследство на Мексико и пијалак со строго контролирано потекло.
Последниве години се забележува нов тренд – наместо текилата да се пие „на екс“, сè повеќе љубители ја дегустираат полека, , за да ги почувствуваат аромите на агавата, ванилата, карамелата и дабот. Првата официјално документирана дестилерија за текила потекнува од крајот на 18 век. Производството започнало во 1795 година, а традицијата продолжува повеќе од два века.
