Од доцна попладне и вечерва, па во текот на ноќта и утре наутро, времето во Македонија нагло ќе се промени. Од север пристигнува студен фронт кој ќе донесе нестабилно време низ поголем дел од земјата.
Се очекуваат поројни дождови, грмежи, силен ветер и на некои места појава на град. Ветерот повремено ќе дува со брзина од над 60 километри на час, а можно е да има и посилно невреме со чести молњи и обилни врнежи.
И во Скопје се очекува слично време – пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а во некои делови од градот и околината можно е да има и невреме со град.
Денес ќе биде многу топло, со температури од 32 до 39 степени, а во Скопје околу 35 степени. Но, од вечерва ќе започне освежување, а температурите постепено ќе опаѓаат, најпрво во северните делови на Македонија.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни, особено за време на грмежите, силниот ветер и можните временски непогоди.

