Пред нас е уште еден исклучително жежок летен ден. Времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а максималната дневна температура на одделни места ќе достигне и до 40 степени.

Во текот на попладневните часови атмосферата ќе стане понестабилна, па во повеќе делови од земјата се очекуваат локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер. На одделни места можно е невреме проследено со појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека дневните ќе бидат меѓу 34 и 40 степени.

И вторник ќе помине во знакот на високите температури, но и со можност за локална нестабилност во попладневните и вечерните часови, кога повторно се очекуваат пороен дожд, грмежи, силен ветер и локално појава на град.

Освежувањето пристигнува од среда. Со продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер ќе започне постепено намалување на температурите. Најизразена промена се очекува во петок, кога се најавени врнежи од дожд и значително посвежо време, по што од сабота температурите повторно ќе бидат во постепен пораст.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *