По еден месец исполнет со возбудувања, неизвесни натпревари, драматични пресврти и историски моменти, заврши Светското првенство во фудбал 2026 – најголемото досега во историјата.
За првпат на Мундијалот настапија 48 репрезентации, кои одиграа 104 натпревари низ САД, Канада и Мексико, пред милиони навивачи на трибините и милијарди гледачи ширум светот. Турнирот донесе нов формат, повеќе репрезентации, повеќе голови и уште поголема неизвесност.
На крајот, светскиот фудбалски трон му припадна на тимот кој покажа најмногу – Шпанија. Во големото финале на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, Шпанците ја совладаа Аргентина со 1:0 по продолженија и по вторпат во својата историја станаа светски шампиони.
Со овој триумф, Шпанија ја обедини европската и светската титула, потврдувајќи дека во моментов е најсилната фудбалска сила на планетата. Но, успехот не завршува тука. Во изминатите пет години, шпанскиот машки и женски фудбал заедно освоија дури 16 големи титули, што претставува едно од најдоминантните периоди во историјата на светскиот фудбал.
Светското првенство 2026 ќе остане запаметено како турнир што отвори ново поглавје – со рекорден број учесници, нов формат и незаборавни натпревари. А последниот збор го имаше Шпанија, која повторно се искачи на врвот на светскиот фудбал.

