Македонското музичко дуо DuoBright го претстави својот прв авторски сингл со наслов „Око мое“, динамична и модерна песна со заразен ритам што лесно се памети уште по првото слушање.

Зад музиката стои Борис Какуринов и Tyzee, а аранжманот го потпишува Борис Какуринов. Текстот е дело на Tyzee, Борис Какуринов и Марио Марков, додека за миксот и мастерингот беше задолжен Андреј Ник.

Песната доби и впечатлив видеозапис, чија реализација и монтажа ги потпишува Стефан Биков, дополнително доловувајќи ја енергијата и атмосферата на „Око мое“.

Со оваа песна DuoBright го прават својот прв авторски чекор на музичката сцена, носејќи свеж звук, позитивна енергија и рефрен кој лесно останува во сеќавање. „Око мое“ е идеален избор за летната музичка сезона и уште една домашна песна што има потенцијал да стане омилена кај публиката.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *