Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски деновиве ги започнува главните проби во Сицилија за едно од најзначајните оперски дела – култната опера „Набуко“ од големиот италијански композитор Џузепе Верди. На 12 и 14 јули 2026 година, Нацоски ќе ја толкува улогата на Исмаеле, настапувајќи пред љубителите на операта во Италија.
Благој Нацоски е име кое со години го гради својот пат на најпрестижните светски оперски сцени. Тој е првиот македонски оперски пејач во историјата кој настапил со главна улога во легендарната Миланска Скала, еден од најпознатите оперски театри во светот.
Неговата меѓународна кариера е исполнета со настапи на големи сцени во Европа и соработка со реномирани уметници и оркестри. Во 2008 година италијанските власти го прогласија за „Маж на годината“, а во Македонија ја носи титулата Амбасадор на македонската култура во Италија.
Со својот талент, посветеност и љубов кон операта, Благој Нацоски е вистински пример дека македонските уметници можат да го освојат светот. Неговиот глас продолжува да ја носи македонската култура далеку над границите, потврдувајќи дека вистинската уметност нема граници.


