Денеска е историски ден за македонскиот тенис, Лина Ѓорческа точно напладне ќе настапи на Вимблдон и така ќе стане првата Македонка која заиграл на главен турнир на еден грен-слем.
Задачата за тетовчанката нема да биде ниту малку лесна, противничка ѝ е минатогодишната финалистка и шеста тенисерка во светот во овој момент, Аманда Анисмова. До мечот со Анисимова, Ѓорческа дојде со одлични настапи откако помина три квалифициски рунди.
Мечот ќе може да се следи и во живо на каналите на Арена Македонија, почнува во 12:00 часот.

