На 29 јуни, Уметничка галерија „Безистен“ во Штип ќе биде домаќин на свечен Гала оперски концерт  дел од проектот „Жените во музичката уметност низ вековите – од невидливост до глас“. 

Публиката ќе има можност да ужива во изведби на врвни оперски уметници кои со своето творештво и посветеност оставиле значаен белег во светот на музиката. Концертот претставува музичко патување низ различни епохи, посветено на жените кои ја обликувале и збогатиле музичката сцена, оставајќи трајно културно наследство. 

Во рамки на проектот, истиот настан ќе биде одбележан и во Скопје, во Музејот на македонската борба, со цел да се истакне придонесот на жените во развојот на музичката уметност низ вековите. 

Учесници:

Магдалена Алексовска- сопран

Тина Ристеска- сопран

Даница Станојоска- мецосопран

Ивона Давидовска- контрабас

Наташа Калајџиева Здравева- пијано

уметничка соработка: Милан Јанкулоски- пијано

Влезот за сите посетители е слободен 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *