По тримесечен конкурс и дури 164 пристигнати композиции од повеќе земји од регионот, селекциската комисија го направи конечниот избор на песните што ќе се натпреваруваат на третото издание на Регионалниот музички фестивал „Бисер Јадрана“, кој ќе се одржи на 18 јули на Летната сцена во Тиват.
Во финалната вечер ќе бидат изведени 25 нови композиции, а на сцената ќе настапат изведувачи од Црна Гора, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, што уште еднаш ја потврдува регионалната димензија на фестивалот.
Годинава Македонија ќе има два претставници во финалето – Мартинијан Кириловски, кој ќе настапи со песната „Сирена“, како и Ана Петан, која имадует со српската пејачка Наташа Михајловиќ.

