Четири нови натпревари се на програмата на шестиот ден од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Во фокусот ќе бидат првите средби од групите И и Ј, во кои својот мундијалски настап ќе го започнат и финалистите од претходното Светско првенство – Аргентина и Франција.

Французите фаворити против Сенегал

Програмата ќе започне во Њу Џерси со дуелот меѓу Франција и Сенегал. Француската репрезентација пред стартот на шампионатот беше меѓу главните фаворити за освојување на титулата, а обложувалниците ѝ даваат најголеми шанси за светскиот трон.

Предводени од ѕвездениот напаѓачки тандем Мбапе – Дембеле, „триколорите“ влегуваат со високи амбиции. Сепак, Сенегал важи за цврст и незгоден противник, па иако Франција е фаворит, секој друг исход освен победа на европската селекција би претставувал големо изненадување.

Норвешка и Ирак ќе ги одмерат силите на полноќ

Во вториот натпревар од групата, кој е закажан за полноќ, ќе се сретнат селекциите на Норвешка и Ирак. Двете репрезентации ќе се обидат со позитивен резултат да го започнат својот настап и да направат важен чекор кон пласман во нокаут-фазата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *