На натпреварот кој го одиграа синоќа против Холандија, јапонските навивачи на Светското првенство 2026, уште еднаш покажаа што значат култура, дисциплина и почит.
Наместо да го напуштат стадионот со отпад зад себе, тие остануваат и го чистат просторот, оставајќи го онака како што го затекнале – па дури и почист. Ова не е само навика, туку начин на живот и вредност што се учи од најмала возраст. Јапонците покажуваат дека вистинската големина не се гледа само на теренот, туку и надвор од него.
Ваквото однесување е пример за сите нас. Без разлика од која земја доаѓаме, со малку култура, дисциплина и почит кон заедничкиот простор можеме да создадеме подобро и почисто општество.
Да учиме од добрите примери, затоа што вистинските победници не победуваат само во спортот – тие победуваат и со своето однесување.

