Изминатата ноќ за прв пат оваа сезона во два Македонски градови беше тропска, односно температурите на воздухот не паднаа под 20 степени во текот на целата измината ноќ. Во Велес до 8 часот утрово е измерена највисока минимална температура од дури 21 степен, а во Гевгелија темперартурата во исто време изнесуваше 20 степени.
Што се однесува до времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во текот на новата седмица ќе се задржи топло време.
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град.
