По објавувањето на резултатите од конкурсот на Агенцијата за филм за 2026 година, биографскиот музички документарец „Слушни ме!“ на режисерот Радован Петровиќ и „ОХО Продукција“ се најде во центарот на вниманието на јавноста. Проектот доби финансиска поддршка од 1,5 милиони денари, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Голем дел од коментарите не беа насочени кон самиот проект, туку кон изборот на личноста чија приказна ќе биде обработена во документарецот. Дел од граѓаните сметаат дека биографски филм заслужуваат и други значајни имиња од македонската музичка сцена, како покојниот Тоше Проески, легендарниот Александар Сариевски, членовите на групата ДНК или светски афирмираниот пијанист Симон Трпчески.

„Како е можно сè уште да нема филм за Тоше, а да се снима за Слаткаристика?“ беше еден од најчестите коментари што можеа да се забележат на социјалните мрежи по објавувањето на резултатите.

Од Министерството за култура и туризам појаснуваат дека фокусот на филмот не е само музичката кариера на Слаткаристика, туку неговата улога како препознатлив јавен лик преку чија животна приказна може да се иницира јавна дебата за предизвиците со кои се соочуваат лицата со говорни потешкотии и нивните семејства.

новинар Никола.А

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *