Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип ги поканува сите љубители на музиката на двата завршни концерти кои ќе се одржат денеска и утре во Галерија 19 при НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип.
Денеска, 1 јуни 2026 година, со почеток во 17:00 часот ќе се одржи Завршниот концерт по камерна музика на кој учениците ќе ги претстават своите музички достигнувања преку внимателно подготвени камерни изведби.
Утре, 2 јуни 2026 година, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи Завршниот концерт по народни инструменти каде публиката ќе има можност да ужива во богатството на македонската музичка традиција и талентот на младите музичари.
Овие концерти претставуваат круна на целогодишната работа, посветеност и уметнички развој на учениците и нивните професори.
Влезот е слободен.
Новинар Никола.А

