По освоениот бронзен медал на 60. Интернационална Менделеева олимпијада по хемија, која се одржа од 15 до 23 април на факултетот „Ломоносов“ во Москва, Русија, штипскиот гимназијалец Даниел Христов продолжува да реди успеси и на домашната сцена.

На Државниот натпревар по хемија, Даниел повторно блесна, освојувајќи прва награда и потврдувајќи дека знаењето, трудот и посветеноста секогаш носат врвни резултати. Со своите достигнувања, тој достојно ја претставува гимназијата „Славчо Стојменски“ и градот Штип.

Успешен настап имаше и ученикот Лука Огњановски, кој се здоби со пофалница за своето учество и постигнување на натпреварот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *