Младата борачка од Штип Андреа Нисева, освои сребрен медал на Европското првенство во борење до 17 години што се одржа во Самоков, Бугарија. Во финалето во категоријата до 61 килограм, таа беше поразена од турската натпреварувачка Озденур Озмез.

И покрај поразот во борбата за злато, Нисева истакна дека е задоволна од освоениот медал, но верува дека може да постигне и повеќе во иднина. Таа призна дека емоциите и притисокот влијаеле во финалниот меч.

Андреа настапува за репрезентацијата на Бугарија, а е член на БК Олимпија од Штип и клубот „Димитар Кумчев“ од Асеновград. Со борење активно се занимава од 2022 година и важи за една од најталентираните млади борачки во регионот.

новинар Никола.А

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *