На 12 мај 1820 година е родена англиската медицинска сестра Флоренс Најтингел, основачка на модерното сестринство и вистинска реформаторка во здравството. Таа го отвори првото училиште за медицински сестри, поставувајќи ги темелите на професијата и инспирирајќи генерации на посветени здравствени работници.

Денес, на денот на нејзиниот роденден, се одбележува Светскиот ден на медицинските сестри. Нека им биде среќен и честит овој ден на сите медицински сестри кои, со својата посветеност и хуманост, се грижат за здравјето и благосостојбата на луѓето ширум светот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *