Музичкото наследство на Тоше Проески добива нова форма на грамофонска плоча.
Проектот беше издаден во август 2007 година на македонски и српски јазик, само два месеци пред неговото прерано заминување. Се снимаше во престижни студија низ регионот. На албумот се наоѓаат песните, страна А-„Душа остана“, „Никој како тебе не бакнува“ „Боже, чувај ја од зло“ „ Месечина“, Игри без граници. На страна Б- „Среќна ли си ти“ „Најдрага моја„, „Јас не сум виновен“, „Цреша“, „ Срце није камен“. Албумот „Игри без граници“ за првпат се објавува на винил, овозможувајќи ѝ на публиката да го слушне неговиот глас во врвен аудио квалитет.
Објавувањето на овој албум на Винил претставува чин на зачувување на македонското културно наследство. Во дигиталната ера, грамофонската плоча нуди трајност и автентична топлина на аналагниот звук.
„Игри без граници“ на винил останува документ за времето кога македонската музика го достигна својот врв преку уникатниот вокал на Тоше Проески.
Ова е навистина момент за македонската музичка историја.


