„Супер Марио Галаксија – филмот“ трета недела по ред се наоѓа на врвот на бокс-офис листата во Северна Америка, пренесоа американските медиуми.
Во текот на изминатиот викенд, продолжението на анимираниот хит „Супер Марио Брос – Филм од 2023 година оствари приходи од 35 милиони американски долари од продажба на билети во киносалите во САД и Канада. Продукцијата, која е дистрибуирана од „Јуниверзал Пикчрс“, досега има вкупна заработка од 747,5 милиони американски долари на светско ниво.
Второто место на бокс-офисот го зазема уште еден филм со вселенска тематика – Проектот „Аве Марија“, во кој главната улога ја толкува Рајан Гослинг. Филмот во својот петти викенд прикажување оствари приходи од 20,5 милиони американски долари, со што вкупната заработка во Северна Америка достигна 285,1 милиони долари, додека на светско ниво изнесува 573,1 милиони долари. Третото место му припадна на новиот хорор-филм „Мумијата“ („Мумијата на Ли Кронин“) – Филм, кој не доби позитивна критика ни од критичарите ниту од публиката, оствари 13,5 милиони американски долари од продажба на билети во текот на викендот.
новинар Никола.А
