Американскиот медиум”Си-ен-ен” пишува за нашава земја Македонија како една од оние кои неправедно остануваат во сенка на најпопуларните туристички центри. Според ”Си-ен-ен” поситителите на Европа ги фокусираат своите патувања во Франција, Шпанија и Италија.
Македонија е планинска дестинација веднаш северно до Грција, достојна за поголемо туристичко внимание. Со убавиот пејзаж, зелени падини и карпи, низа јадења. Сончева клима што помага зеленчукот да биде богат, вината да бидат изобилни…….. пишува Си-ен-ен.
Според анализата на медиумот , земјава се издвојува како дестинација што нуди слични искуство, но без метеж и високи цени. Природните услови ја прават земјата атрактивна за љубителите на автентични искуства.
Во текстот се нагласува и Охридското езеро и црквата “Свети Јован Канео” , Скопската стара чаршија, манастирите, винските региони и националните паркови. Бигорскиот манастир , Националниот парк Маврово. Друг прекрасен национален парк Галичица, го прегрнува источниот брег со Преспанско Езеро, југоисточно од тој парк.


