ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип,  Светскиот ден на пијаното ќе го одбележи со три пијано-концерти, во Мултимедијалниот центар при УГД на 30 и 31 март.

Денеска ќе се одржат два концерта, со почеток во 18 и 20 часот, на кои ќе се претстават вкупно 80 пијанисти – ученици од основното музичко образование.

Утре ќе се одржи еден концерт со почеток во 19 часот, на кој ќе настапат ученици од средното музичко образование.

На настанот се поканети и ученици од основните музички училишта од Струмица, Радовиш, Велес и Пробиштип.

Осумдесет и осмиот ден од годината е посветен на Светскиот ден на пијаното, кој за првпат започна да се одбележува во 2015 година по иницијатива на германскиот пијанист и композитор Нилс Франс.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *