Денес, 27 март, го одбележуваме Светскиот ден на театарот — ден посветен на уметноста што живее на сцена, во моментот, пред публиката. Театарот не е само претстава, туку простор каде што се раскажуваат приказни, се отвораат важни прашања и се поврзуваат луѓето.Светската пораказа театар оваа година ја напиша Вилијам Де Фо од САД а од Македонија Златен Еленец. Светската порака гласи Театарот мора да има критично мислење кај глобалните случувања.
По повод 27 март – НУЦК „Ацо Шопов” – Театар Штип ќе го одбележи овој значаен датум со изведба на комедијата „Случајната смрт на еден анархист” од Дарио Фо,
со почеток во 20:00 а влезот ќе биде слободен за публиката, со претходна резервација поради ограничен број на места.
Станува збор за една од најпопуларните претстави на репертоарот, која преку хумор и сатира обработува теми блиски до современото општество и секојдневието, предизвикувајќи силна реакција кај публиката.
Во претставата настапуваат: Ефтим Трајчов – Ѓаурски, Милорад Ангелов, Марија Минчева Андонов, Никола Кузелов, Стефанија Митовска и Ава Хусеини.
новинар Никола.А
