Ноќта меѓу сабота и недела, Македонија преминува на летно сметање на времето. Стрелките на часовникот точно во 2 часот по полноќ ќе се поместат еден час напред, со што наместо 2, ќе се смета дека е 3 часот.
Оваа промена значи дека ќе спиеме еден час помалку, но од недела деновите ќе бидат подолги и ќе имаме повеќе дневна светлина во попладневните часови. Летното сметање на времето годинава ќе трае до 25 октомври.
Промената е во согласност со законските регулативи и европските директиви:
Покрај кај нас, времето се менува во поголемиот дел од Европа и Северна Америка, додека земји како Русија, Турција и Белорусија веќе не ја применуваат оваа пракса.
новинар Никола.А
