По цели осум години пауза, Штип повторно ќе биде домаќин на Државното првенство во џиу џицу. Организацијата на овој значаен спортски настан ја презема клубот за џиу џицу Осенсеи Штип, кој со чест и одговорност ќе ги пречека најдобрите натпреварувачи од целата држава. 🥋

Првенството ќе се одржи во недела, на 29 март 2026 година, во спортскиот центар „Јордан Мијалков“, со почеток во 10:00 часот. Се очекуваат бројни борби, висок квалитет на натпреварување и вистинска спортска атмосфера.

Настанот претставува значајна можност за промоција на џиу џицу спортот, но и за афирмација на Штип како град-домаќин на големи спортски случувања. Организаторите упатуваат покана до љубителите на спортот да присуствуваат и да ги поддржат натпреварувачите во нивните настапи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *