На денешната седница на Советот на Општина Штип, мнозинството советници со 15 гласа го одобрија покачувањето на паушалите за членовите на управните и надзорните одбори на јавното претпријатие „Исар“ и „Стипон“.

Според новата одлука:

ЈП Исар Управен Одбор

  • Претседателот на управниот одбор ќе добива паушал од 8.000 денари, а членовите по 6.000 денари.

ЈП Исар Надзорен Одбор

Претседателот на надзорниот одбор на ЈП „Исар“ ќе зема 6.000 денари, а членовите по 4.500 денари

Што се однесува до Управниот и Надзорниот одбор на ЈП Стипон паушалите си исти и се следни:

ЈП Стипион Управен одбор/надзорен одбор

Претседателот на управниот одбор ќе добива паушал од 6.000 денари, а членовите по 5.000 денари.

 

Дополнително, Советот донесе одлука за субвенционирање на ЈП „Исар“ со 10 милиони денари од буџетот на Општина Штип, поради тешкотиите во функционирањето на претпријатието.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *