Утре на AngelsFM премиера „Ангелски здив“ во изведба на Мето ди Флеш и Ана Петановска реализиран во соработка со Енџелс Тим.
Песна посветена на 63-те ангели загинати во трагедијата во Кочани.
Песната носи силна емоција и симболика, создадена како музичка посвета по повод годишнината од трагедијата во Кочани.
Идејата за овој проект доаѓа од Енџелс кафе и Роберт Димитров, со желба преку музиката да се оддаде почит, сеќавање и поддршка. „Ангелски здив“ претставува спој на искрена емоција, силна порака и музичка уметност.
Текстот, музиката и аранжманот се дело на Мето ди Флеш, кој преку оваа композиција создава атмосфера исполнета со чувствителност и надеж. Со својот вокал, Ана Пентановска внесува дополнителна длабочина и искреност во интерпретацијата.
Видеоспотот за песната го реализираше Раде Гоговски, а снимањето се одвиваше на повеќе локации – на Струшки терен, во Скопје и во студиото на ТВ 24. Визуелната приказна ја следи емоцијата на песната, пренесувајќи силна порака за сеќавање, љубов и заедништво.
Промоцијата на песната и видеото „Ангелски здив“ ќе се одржи во недела во Енџелс кафе, каде публиката за првпат ќе има можност да го проследи овој музички проект.
„Ангелски здив“ не е само песна – тоа е музичка порака што потсетува дека спомените и љубовта остануваат да живеат.

