Италијанскиот 56-годишен пејач Сал да Винчи, победникот на годинашното издание на легендарниот фестивал „Санремо“ со песната „Пер семпре си“ (Засекогаш да“), сега не знае дали ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија 2026, на изборот во Виена, во мај.Вели дека песната со која победи е толку добра што е жално да оди да се натпреварува во Виена, па да му се случи, не дај Боже, да биде дури последен. Нешто што му се случи пред многу години на славниот италијански пејач Доменико Модуњо, кога на Eвровизискиот избор во Луксембург беше последен, без ниеден освоен поен.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *