Сал да Винчи со песната „Засекога да“ победи на Сан Ремо и ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија кое годинава ќе се одржи во Австрија. Конечниот резултат беше одреден преку комбиниран систем на гласање, при што 33% од резултатите беа од жирито за медиуми (ТВ и онлајн медиуми), 33% од жири комисијата за радио и 34% од јавното гласање.
Карло Конти како домаќин и уметнички директор на фестивалот се појави по четврти пат. На сцената на Аристон, му се пдридружи Лаура Паусини. На фестивалот, секоја вечер покрај Конти имаѓе и познати личности кои се појавуваат во улога на водители. За финалето на сцената како водители беа Џорџија Кардиналети и Нино Фрасика. Конти објави дека и Стефано де Мартино следната година ќе биде новиот уметнички директор на фестивалот, а кој досега беше уметнички директор на Раи Дуе.
Како специјален гостин на последната вечер настапи Андреа Бочели, само неколку дена откако претходно настапи на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри.

