Великиот Велигденски пост трае 48 дена; најчесто се пости на вода, освен за време на викендите кога дозволено е да се користи масло, а рибата е дозволена само за време на два големи празника – Цветници и Благовец или Благовештението.
Велигденските пости 2026 година започнуваат на 23 февруари и ќе траат до 12 април. Великиот пост, кој му претходи на воскресението на Исус Христос, има построги правила од Божиќните пости кога станува збор за храната. Правилата на постот налагаат од понеделник до петок да се јаде храна подготвена во вода, во сабота и недела на масло, а риба може да се најде на трпезата само за Благовештение, кое секогаш „паѓа“ на 7 април, и на Цветници, кој оваа година ќе го славиме на 5 април.

