Трогателната приказна од јапонската зоолошка градина Ичикава Сити привлече толку големо внимание.

Мало мајмунче по име Панч, отфрлено од неговата мајка по раѓањето , стана интернет сензација откако пронајде утеха во плишана играчка.

Панч, јапонски макак роден на 26 јули 2025 година, бил напуштен кратко по раѓањето и бил ставен под грижа на неговите старатели. Кога се обиделе да го интегрираат со другите мајмуни, забележале дека е изолиран и тешко го прифаќа групата. На интернет се појавија снимки на кои се гледа како другите мајмуни го туркаат подалеку.

Според локалните извештаи, Панч го третира овој орангутан како мајка што никогаш не ја

имал. Спие со него, јаде со него и се игра со него.

Врската на шестмесечното бебе со плишаната играчка не само што ги изненадила вработените во зоолошката градина, туку здобила и симпатии од луѓето низ Јапонија и надвор од неа.

Сликите од Панч со неговата играчка станаа вирални и го привлекоа вниманието на интернет.

Големи редици се образуваа пред зоолошката градина, додека локалното население и туристите доаѓаат да го запознаат Панч.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *