Еден од најпознатите симболи на Барселона и светската архитектура – величествената базилика Саграда Фамилија – конечно ја достигна својата целосна височина, по поставувањето на последниот елемент на централната кула. Со овој историски момент се заокружува повеќедеценискиот градежен процес што започна далечната 1882 година.Централната кула, посветена на Исус Христос, е највисокиот дел од храмот и со својата импозантна силуета доминира над панорамата на Барселона. Проектот, започнат од легендарниот архитект Антонио Гауди. Саграда Фамилија денес е едно од најпосетуваните места во Европа и светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.
