Во Италија промовирано ново вино „Пред дождот”- инспирирано од култниот филм на Манчевски. Виното е создадено како посвета на култниот „Пред дождот”, добитник на Златен лав и уште 9 други награди на Филмскиот фестивал во Венеција во 1994, кој во Италија беше и филм на годината и е вклучен во школското филмско образование, а е и првата македонска номинација за Оскар во 1995.

Новото вино е резултат на директна соработка на Поцали со Милчо Манчевски и е дел од концептот „Јажето на 41-та паралела”, симболична линија што поврзува различни култури и простори, Истокот и Западот, меѓу кои и Скопје и јужна Италија.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *